речник контакт

Вчера попладне се запали камион кај патарина Отовица

Ова е втор случај за три дена како се пали возило на автопат близу Велес

Петар Печков

Вчера, четврток попладне се запалил камион марка МАН со скопски регистарски таблички, близу патарината кај Отовица.

„На 31. август  во 17:20 примена е дојава за запален камион на автопатот Велес -Скопје пред наплатната рампа Отовица. ТППЕ Велес излезе на лице место со 1 противпожарно  возило и тројца пожарникари спасители. Со брзата интервенција спречено е пожарот да се прошири на целото возило“ - соопштија од ТППЕ Велес.

Ова е втор случај на запалено возило, по тој од вторникот, кога ноќта после полноќ се запали возило со романски регистерски таблички. Повредени и тогаш и вчера немало.

ФОТО АРХИВА

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »