речник контакт

ГОК Борец го победи лидерот во Тетово и го симна од првото место

Порази за кошаркарите и ракометарите на РК Бисинов

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец во дербито на колото, приредија изненадување откако во Тетово, го совладаа лидерот ОК Шкендија, кој првото место го делеше со ОК Струмица. Велешани победија со 2:3 (23:25, 19:25, 25:19, 25:23, 14:16). Одбојкарите на ГОК Борец воделе со 0:2, домаќините израмниле и во тајбрејкот  славеле на разлика 14:16. ПО ова коло ГОК Борец останува трет со 11 победи и три порази, но има шанси за освојување на второто место, кое носи привилегии во плеј-офот. Во следното коло, кое се игра в среда, петто по ред во разигрувањето, во Велес гостува екипата на ОК Работнички од Скопје која има однос на по седум победи и порази.     

Во 16 коло од Втора кошаркарска лига, лидерот КК Вардар во Скопје со 101:79 го совлада велешки КК Борец баскет.  По ова коло велешани остануваат 10-ти од 12 екипи. Во следното коло повторно гостуваат, на последно пласираниот КК Црн Дрим во Струпа, кој нема ниту една победа.

Започна натпреварите од пролетниот дел на првенството   на Првата ракометна лига. РК Бисинов на домашен терен во групата „А“ загуби од РК Македонија ЃП која е трето пласирана, со 27:28 (12:15). Победничкиот гол гостите од Скопје го постигнаа со удар до седум метри на 15 секунди пред крајот.  Остатокот од времето, велешките ракометари не успеаја да реализираат напад и израмнат. По ова 14 коло, РК Бисинов е последен со 7 бода.  МРК Борец ова коло беше слобден во група „Б“. Следниот натпревар тие го играат в среда, во салата Гемиџии со екипата ан РК Астраион од Струмица, која е 5-та со 15 освоени бода.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »