речник контакт

ГОК Борец со петта победа во серија

Порази за кошаркарите во Втората лига и двете ракометни екипи во Прва лига

Петар Печков

Одбојкарите продолжуваат со победничката серија. Во седмото коло од вториот дел на првенството, на домашен терен со максимални 3:0 (8,17, 13)  ја совлада екипата на ОК  Весна од Пробиштип. Ова беше лесна задача за велешани, против осетно послаба и подмладена гостинска екипа. По ова коло  ГОК Борец останува трет и е  во игра за второто место, чека кикс на ОК Шкендија од Тетово.   Во следното коло гостува на екипата на лидерот ОК Струмица.

Кошаркарите  на КК Борец баскет на домашен терен загубија од втората екипа на КК Работнички со 68:81. По ова 18 коло велешани се 10 од 12 екипи со 25 бода. Во следното коло играат решавачки натпревар за да може да се надеваат за учество во разигрувањето, за пласман на 8 место. Гостуваат на втората екипа на МЗТ Скопје, која е токму осмо пласирана со 26 бода.

И двете ракометни екипи во првата екипа забележаа порази. Во групата „А“, РК Бисинов дома загуби од екипата која е четврто пласирана РК Кичево  со 21:33 (11:14) и остана на последното 9 место со 7 бода. Во следното последно коло играат со РК Младост во Богданци, кој го дели  второ место.  ГРК Борец во групата „Б“ загуби од трето пласираниот РК Голден арт Аеродром со 9:49 (4:22). ГРК Борец  е последен без освоен бод. Во следното последно коло, гостуваат на четврто пласираниот РК  Металург РА. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »