речник контакт

ГОК Борец тргнува од третата позиција во разигрување за титулата првак во одбојкарската лига

Во саботата во салата Гемиџии се одигра првото градско дерби во ракомет, помеѓу екипите на РК Бисинов и МРК Борец. Пораз за КК Борец баскет на гостувањето во Куманово

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец со победа ја  завршија втората фаза на првенството од Првата лига. Славеа на гости во Скопје,  Работнички– ГОК Борец 0:3 (22:25, 20:25, 20:25). Со оваа победа велешани се трети и од среда започнуваат со разигрувањето за шампионксата титула. Во полуфиналето противник им е тетовска ОК Шкендија а првата средба ја играат на гостински терен, се игра на две победи. Второто полуфинале е ОК Струмица –ОК Работнички. Досега велешани одиграа во оваа сезона четири средби со тетовци и резултатот е израмнет две  победи и два порази.

Во Втората кошаркарска лига КК Борец баскет загуби убедливо во претпоследното коло  во Куманово од МКК Куманово – Борец баскет  90:60. Следниот викенд во последното коло играат дома со екипата на КК Шкупи, која е сосед на табелата – 9-та со 31 бод а велешани имаат 24 и се десети.

Во саботата во салата Гемиџии се одигра првото градско дерби во ракомет, помеѓу екипите на РК Бисинов и МРК Борец. Победи помладиот лигаш по стаж РК Бисинов со 37:26 (16:14). Така МКР Борец и натаму е последен 7,  без бодови, додека РК Бисинов има 12 и е во групата од четири екипи кои се од 2 до 5 место. Во следното коло МРК Борец игра во Штип со РК Текстилец кој е лидер во групата која разигрува за опстанок а РК Бисинов е слободен.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »