речник контакт

Гардистот Игор Васиљевиќ го фати крстот во Велес (фото и видео)

Тој меѓу 71 пријавени беше најумешен и насреќен

Петар Печков

Игор Васиљевиќ  (39 год) од Велес беше најумешен и го фати крстот на Водици, кој во реката Вардар, од Мало мовче, беше положен од Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарска епархија.

„Годинава скокав по седми пат и за прв пат го фатив крстот.  Мотивот ми беше традицијата, верата. На сите граѓани им посакувам здравје, вера, љубов “ - кажа Васиљевиќ.  

Силниот ветер од јужен правец им создаде проблеми на тие што се пријавија за да го фатат крстот. 

Тој меѓу 71 пријавени беше најумешен. Вработен е во Армијата како гардист. Доби награди од Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарска Епархија, од кумот  Ване „Жито маркети“ кој е трета година по ред , градоначалникот на Велес Марко Колев, од ЈКП Дервен, од ЈВП Лисиче, од Зегин и други бројни спонзори.

Васиљевиќ има можност од утре следните 40 дена да ги посетува домовите на велешани и да биде награден за тоа што го фати крстот. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »