речник контакт

Гатање, баење, лекување и затвор

Неверојатните но вистински приказни за спасение во манастирот во Извор, каде „лековитиот“ ги мачкал луѓето со крв. Или тој што силувал за да го излекува. Кога има овци ќе стрижам, вака пред судот изјавил еден од многуте надри лекари, јасновидци, кои најлесен начин за заработувачка нашле во гатањето, баењето.

Петар Печков

Неверојатните но вистински приказни за спасение во манастирот во Извор, каде „лековитиот“ ги мачкал луѓето со крв. Или тој што силувал за да го излекува.  Кога има овци ќе стрижам, вака пред судот изјавил еден од многуте надри лекари, јасновидци, кои најлесен начин за заработувачка нашле во гатањето, баењето. Од друга страна во очајната желба за излез од за нив безизлезната состојба, луѓето чаре бараат секаде, па ти во магиските, надри лекарства. За измама се користи и Библијата и Куранот, лицата се претставуваат како дервиш а користат и црква каде ги вршат нивните обреди. Нивната вешто скорена лага не познава граници ни во верата, ниту по полот. Се бара слабоста на лицето кое има потреба од помош и така се земаат пари, не во денари туку илјадници евра. Стручњаците за ова објаснување наоѓаат во економскиот момент и желбата са спас. 

Во состојба на општествена криза, историски е докажано, дека човекот кога не може да се снајде во рамките на општеството и системот, тогаш помош бара во нешто натприродно. Се бараат лица кои според нечии кажувања помогнале, или се успешни, иако тоа не е докажано. Најчесто помошта се бара откако поединецот ќе се разочара во институциите на системот. Невработеноста, здравјето. За жал имама многу јасновидци, повеќето неуспешни, помалку успешни, таму каде се поклопила случајноста да се најде лек или душевен мир. Тоа веќе преминува во бизнис, со визит карти, услугите ги закажуваат телефонски, имаат шаблони са одредени болести, за мажачка, немање деца, среќа. Ако не најдат спас кај еден одат кај друг. Исто како што е кај лекарите, кога се бара второ мислење од друг стручњак – вели Весна Дончевска дипломиран социолог. Таа посочува дека лесно се манипулира со луѓето кои тврдат дека се верници, иако истражувањата покажале дека голем број луѓе во Македонија декларирани како верници, не ги занеле верските празници, обичаите, и тие се лесни за обработка од измамниците .Тие пак на маката на овие лцие градата платаи, возат скапи коли, имаат богатство. 

Штипјанецот Сабедин Шабановски ( 44 год) кој се претставувал како бајач и гатач доби десет месеци затвор затоа што измамил двајца велешани, за 14 илјади евра, но и обврска да ги врати. Тој им ги земал парите а не им помогнал за маките што ги имале две лица од велешкото село Оморани. Гатачот Шабановски систематски ги лажел братучедите половина година. Тој во повеќе наврати ги довел во заблуда со лажно прикажување дека со баење лекува и растура магии со што тоа ги навел да му дадат пари во висина од 14 илјади евра, за да им помогне да се стабилизира семејната состојба. Ветувал дека ќе ги разреши недоразбирањата, кои тие ги имале со нивните сопруги, на едниот да му се врати жената, додека другиот да добие дете. Обвинетиот им се претставил како Дервишот Ќаип од Штип, дека има моќ да помага при разни животни проблеми, отишол и кај нив дома правејќи обредни ритуали со употреба на шербет, корнејќи дрва од прагот на куќата и читајќи упатства од Светата книга, Куранот која ја носел со себе. Од оштетениот при нивните средби за да му се врати сопругата, нему и на тригодишниот син, барал да му носат маици во која ставал пари во износ кој тој ги кажувал а кој наводно се појавувале во Куранот, кога Шабановски ќе ги отворел. Во другиот случај раскажувал дека со гатање и баење ќе ја растури магијата поради која брачниот пар немаат дете и дал колан во кој требало да ги стават парите, а кој што требало да го носи оштетената 40 дена. По враќањето на маиците и коланот, кои  стоеле некое време во теќе каде се одвивало баењето, Шабановски предупредувал истите да не ги отвораат, зашто ќе им се случи нешто лошо и да почекаат магијата да го постигне потребниот ефект. Бидејќи братучедите од Оморани, позајмиле пари, дошло време тие да се вратат, а се плашеле да ги отворат маиците и коланот од некаква магија и клетва, отишле кај некој оџа во Прилеп. Тој ги отворил во нивно присуство и тогаш виделе дека во нив нема пари, туку имало некакви картони, хартии, стари неважечки македонски бонови, неважечки српски денари, женски чорапи. Полицијата обвинетиот го пронашла во Штип, каде било констатирано дека не се вика Ќаип, не е Дервиш, туку Сабедин Шабановски, за кој трагаат измамените братучеди од Оморани. Тој во своја одбрана бидејќи целта му била да дојде до пари, без ронка грижа пред судот изјавил „кога има овци ќе стрижам“. Мамат и православни и муслимани, повикувајќи се на Библијата и Куранот, се користат и црквите и Џамиите а крајна цел се парите на верниците и страдалнците. 

Колку што можеме во рамките на нашите можности, преку печатење на духовна литература со теолошка содржина да ја подигнеме свеста на верниците и граѓаните. Го осудуваме гатањето, баењето, и сите други форми на јасновидци, луѓе кои се служат со сурогати кои не ги одобруваме. Имаме силен притисок од овие лица но и од верниците кои ги посетуваат. Се обидуваме големата болка што страдалниците ја имаат, не им биде можност за печалење на вакви надри лица, кои се сатанизирани, вистински Ѓаволи. Тој е моќен но не може никого да излечи – вели Владиката Агатангел Митрополит на Повардарската Епархија, во чии цркви се случува да се користат за пагански обреди. 

Скопјанецот Данаил Дамјановски ( 61 год) доби казна од 30 глоби од по 10 евра, или вкупно 300 евра за самовластие. Ако не ги плати ќе оди месец дена во затвор. Тој три пати, секоја сабота по ред на почетокот од минатата година имал повеќе сеанси во манастирот ,,Св. Атанасиј,, во велешкото село Извор. Точно во 11 часот започнувала неговата работа, која се граничи со бизарноста. Вршел пагански активности и обреди со баење, ги мачкал луѓе кои доаѓале кај него барајќи спас, со крв од заклани животни. Така лекувал за разни телесни и душевни болести за што наплатувал иако подоцна ,,пациентите,,немале никакво подобрување. Ова тој го работел иако имал забрана од МПЦ Повардарска епархија да го користи храмот за ваквите нехристијански обреди.  

И сексуални услуги за спас Во блиско велешко село, сега општина во правец кон Штип, имало надрилекар кој „лекува“ и со сексуални третмани. Настанот го потврдија и во велешката Болница и полиција. Станува збор за случај за младо момче кое побарала спас бидејќи врската со девојката лошо им одела. Тогаш бајачот, без ни малку срам му посочил ,,Одбери сперма твоја во мене, сперма моја во тебе,, на што младичот бесно излегол од собата. Но набргу се вратил, откако се препнал на куќниот праг. Тоа за него била порака да се согласи и помислил дека можеби ќе има спас. Дури имал и секс со гатачот. Откако увидел што сторил, отишол во велешката болница каде побарал белешка дека е силуван што ја и добил. Интересен е моментот кога дошол во болница да пријави силување а бил со девојката. Докторот и покажал да легне, на што дечкото одговорил „Јас сум силуван!“ .Потоа заминал до велешката полиција, но бидејќи селото е под надлежност на штипската полиција и обвинителство, бил препратен таму. Тука завршува велешкиот дел приказната, како таа продолжила во Штип не е познато, но е извесно дека гатачот во меѓувреме почина.  

Надлежните премолчуваат а гатач во 2002-та најави апокалипса во Велес При почетокот на јули 2002-та Дневник ја објави информацијата дека познатиот локален јасновидец, гатач, гледач ,,Дуле,, утна земјотрес поради кој претходно велешани немаа сон. Предвидувањето беа дека во ноќта меѓу 29-ти и 20-ти јуни 2002- та, помеѓу сабота и недела катастрофален земјотрес ќе го срамни Велес со земја и оти ќе има илјадници мртви. Тоа не се оствари не се случи, а стравот завладеа кај велешани претходно цела седмица. Скептиците што тогаш наседнаа на лошото предвидување заминаa со семејствата на викенд во околината на градот. Гласините за катастрофата тогаш како ехо од ден на ден се зголемувашe, што придонесе велешани да бидат во паничен страв. Во сите тие муабети, претскажувач на настанот беше познатиот велешки гледач "Дуле". Барајќи информација од гатачот, него го немаше дома бидејќи како и повеќето велешани, случајно заминал на продолжен викенд, но затоа неговиот татко тогаш вака го објасни случајот. - Народот од влакно направи камила. Тој во разговор со пријатели рекол нешто, но тоа нема врска со ова што се раскажува. Се создаде една непријатна атмосфера, за која тој не е виновен - рече Тимчо, таткото на Дуле. Сепак многу велешани на сето тоа гледаат како на солена шега. - Ова што ни се случи треба да служи за памет, повеќе да не наседнуваме на секакви предвидувања. Психозата беше таква што ја речиси доживеавме "Војна на световите", од Орсон Велс - вели Милан Николов, еден од тие што останаа со ладни глави по претскажувањето на апокалипсата. Ниту полицијата ниту јавното обвинителство летото 2002-та не преземаа никакви чекори тогаш овој настан, без преседан во градот да биде истражен а авторот гонет и казнет. Авторот на текстот пак беше пријателски советуван да не крева паника, иако таа не беше дигната од текстот кој дојде по големата фама за уште пострашниот земјотрес што се случи во јавноста.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »