речник контакт

Гаќи на балкон не, музика од систем до 22 часот

Од први април стапи на сила Правилникот за норми и стандарди на однесување во станбени згради.Сушење на алишта само до одредена висина, гласна музика до 22 часот, нема плакатирање без дозвола од станарите...

Петар Печков

Соберете ги чорапите, гаќите и останатите алишта кои сте ги ставиле на тераса да се сушат. Стапија во сила Правилникот за нормите и стандардите за домување во станбените згради од 2010 и Законот за домување.Тоа значи дека не смее веќе да се сушат алишта на терасите. Тоа е дозволено само на одредена висина, коха е утврдена со Правилникот.

Правилото е - не смее да се гледа дека се сушат алишта. Алиштата да се сушат во места определени за тоа, сушални, заеднички простори... Но доколку не постојат такви во зградата, тогаш најдете место на терасата кое нема да се гледа и сушарата нема да ви биде повисока од оградата на терасата.

Во Правилникот стои: Во становите од станбената зграда не треба да се сушат алишта на места кои не се определени за таа намена, низ прозорците, вратите, балконите, терасите и лоѓиите не треба да се фрлаат било какви предмети, отпадоци, вода и слично. Нема плакатирање на зградата и поставување реклама, без дозвола до станарите.

На балконите, терасите и лоѓиите не треба да се оставаат саксии за цвеќе и други предмети на места кои не се обезбедени а кои можат да претставуваат опасност за минувачите покрај зградата, и од истите не треба да се тресат ствари. Во умивалникот и во wc школката не треба да се фрла тврд отпад заради заштита на инсталацијата за одвод од запушување. Кога во станот или деловниот простор од зградата нема никој електричните и плинските апарати треба да бидат исклучени, а славините за вода затворени.

Доколку ова не се почитува следуваат казни од 500 до 700 евра. Постои можност претседателот на Куќен совет да ве пријават дека сте непослушни, па општинските инспектори да дојдат и да ви напишат казна. На почетокот ќе се даваат само опомени, додека луѓето да ги научат новите правила.

Се казнува и доколку материјали потребни за греење, како дрва и слично ги ставите во ходникот од зградата или во простории кои не сенаменети за тоа. Забрането е користење на аудио и видео системи, како и вршење на градежно занатски работи кои го нарушуваат мирот во станбената зграда не е дозволено во период од 15,00 до 17,00 часот и од 22,00 до 08,00 часот.

Доколку имавте навика ќесата со губре да ја оставите пред врата за да ја исфрлите кога ќе одите надвор, подобро да се одвикнете. Правилникот вели дека домашниот смет не треба да го оставаат пред влезната врата од станот или на друго место од заедничките делови на станбената зграда, скали, ходници и други заеднички простории. Во заедничките и посебните делови од станбената зграда не треба да се чуваат и оставаат домашни миленичиња без придружба и без заштитна маска.
Па внимавајте како се однесувате, каде ги сушите гаќите, и секако, во какви односи сте со претседателот на Куќниот совет.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »