речник контакт

Гаќи на балкони можат да се сушат, ама не е препорачливо

Граѓаните можат да ги прифатат препораките за сушење гаќи на балкон, без гласна музика по 22 часот, и да ги применуваат или пак да не ги прифатат што е во зависност од самите нив.

Петар Печков

Министерството за транспорт и врски даде дополнително објаснување на Правилникот, кој е донесен пред две години. Со него не се предвиден казни за неговото непочитувње. Тоа се само обични препораки.

Во однос на информациите  дека било „забрането сушењето алишта на балкони и за тоа следуваат казни.“, Министерството за транспорт и врски сака да ја информира јавноста дека станува збор за дезинформации и произволни и неточни толкувања на подзаконски акти.

 
Погрешно се протолкувани одредбите кои се дел од Правилникот за нормите и стандардите за домување во станбените згради, каде меѓу останатото стои и дека „во становите од станбената зграда не треба да се сушат алишта на места кои не се определени за таа намена“.

 
Овој подзаконски акт е стапен во сила пред повеќе од две години и е објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 27 од 24.02.2010 година. Во овој правилник се пропишани нормите и стандардите за домување во станбените згради и истите претставуваат препораки за функционирање и одржување на станбените згради, особено на заедничките делови.

 
За неисполнување на овие препораки не се предвидени казни и санкции за граѓаните, туку истите се дадени исклучиво со цел да претставуваат упатство во одржувањето на станбената зграда и нејзиното подобро функционирање. Заедницата на сопственици на посебните делови или управителот на една станбена, односно нејзините жители можат да ги прифатат овие препораки и да ги применуваат или пак да не ги прифатат што е во зависност од самите нив.

 
Оттука, како целосно неточни и произволни Министерството за транспорт и врски отфрла  дека за непочитување на одредбите во Правилникот за нормите и стандардите за домување во станбените згради се пропишани било какви санкции.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »