речник контакт

Гевгеличанка од тамошното јавно обвинителство на адвокати им делела доверливи службени документи,за што доби осум месеци затвор

Елена Стојанова стручен соработник од ОЈО Гевгелија беше обвинета за кривичното дело ,,Одавање службена тајна,, и осудена во Основен суд Велес

Петар Печков

Стручен соработник, од гевгелиското Јавно обвинителство на адвокати од градот им соопштувала доверливи податоци од истрагите, при што преку вибер им испраќала  копии од документите.

Елена Стојанова од Гевгелија за кривичното дело ,,Одавање службена тајна,, во Основен суд Велес е осудена на осум месеци затвор. Таа во солзи го признала делото, по што судијата Шефшет Адеми ја прогласи за виновна и  изрече затворска казна.

Стојанова во временскиот период од средината на 2017 година до 23.05.2018 година, во својство на јавно обвинителски соработник во Основното јавно обвинителство во Гевгелија , во повеќе наврати на тројца адвокати, меѓу нив и нејзиниот сопруг,  соопштувала податоци што претставуваат службена тајна. 

Според обвинението на службениот компјутер во канцеларијата каде работела, инсталирала апликација viber поврзана со нејзиниот личен телефонски број и преку истата на овие лица им испраќала податоци кои претставуваат службена тајна, кривични пријави, службени документи, изводи од евиденција, службени документи од Основен суд Гевгелија, како и службени документи од други институции,  сите во врска со судски и јавнообвинителски предмети. Во период од без малку една година Стојанова  споделила тајни документи од 13 кривични предмети.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »