Петар Печков
Објавено: недела, 03 јули 2016
По четири дена пловење, учесниците на 18-те Вардарска регата стигнаа до Гевгелија. Нивната цел беше остварена, на задоволство на популарните ,,Гемиџии,, како што се нарекуваат учесниците. 120 км. беа пловени во жешкото јулско сонце и нискиот водостој на реката Вардар.
Минавме прекрасно, имавме одлични услови, се беше како што може да се посака. Мирно време, без ветер, водостојот беше понизок, но не преставуваше проблем, знаеме и за поголема вода но и помала. Осум до десет часа сме на Вардар, тоа исцрпува, згора на тоа мора да се весла. Атракција е секако третиот ден, почетокот на клисурата кај Демир капија, патеката е адреналинска, возбудлива, има многу препреки и треба да се биде претпазлив. Годинава имавме многу падната дрвја како препреки, поради високиот водостој претходно, но минавме без повредени и без инцидент, на манифестација на која учествуваат стотина луѓе –изјави Владо Стојановски кој е учесник на сите 18 обновени регати, но и тие одржани претходно.
Годинава на регатата имаше гости од Шабац –Србија и Биело Поље Црна Гора. На неа учествуваат и припадници на Македонската Армија и Полицијата. За прв пат имаше и четири девојки, членки на ИО ,,Димитар Влахов,, од Велес. Сите тие се задоволни од учеството.
Како за прв пат минавме супер, добив и еден плускавец, ама тоа не создаде проблем да ја извеслам целата патека. И догодина доаѓам сигурно – рече Ангела Чејкова. Последната етапа од регатата ја мина и градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.
Годинава допловивме порано од предвиденото, имавме добар поволен ветер во грб. Најбитно е што сите здрави и живи стигнаа на целта, и покрај превртените и дупнати чамци во текот на патувањето. Очекувам дека една година ќе ја минеме и границата со Грција -рече Чадиев.
Tweet |