речник контакт

Гемиџиите допловија до целта

Модернтеи Гемиџии стигнаа на целта по напорното патување. На целта во Гевгелија повторно воздудливости, заглави сплавот на градоначалникот

Петар Печков

По четири дена пловење стотина учесници на Вардарска регата стигнаа во Гевгелија. Модерните ,,Гемиџии,, за овој период испловија 140 километри, во по два дена различни услови. Првите со исклучително ниско ниво на реката и следните два со висок водостој. Учесниците ноќеваа на воениот полигон Криволак, во Демир Капија и во Марвинци.

Имавме  можност во првите два дена да ги покажеме нашите физички способности. Ова беше Вардарски начин на пловење, кога нивото на реката беше мошне ниско. Моравме на некои делници гемијата да ја минеме на раце. Беше тешко. Вториот ден пловевме од осум наутро до осум навечер и миневме рекордни километража за да стигнеме до Демир Капија. Затоа пак следните два дена беше песна. Со висок водостој имавме впечаток дека летаме по реката – вели Себо Шаќиров организатор на регатата и нејзин капетан на пловидбата.

Со осум гумени чамци, една дрвена гемија и пет кајак чамци учесниците тргнаа од четвртокот од под Мало мовче од Велес. Тие како велешките трговци   кога носеле тутун, вино, жито,го пловеа Вардар, но наместо до Солун до Гевгелија. Така во името на традицијата стара два века,   двајцата градоначалници од Велес Горан Петров и Гевгелија Иван Франгов си разменија подароци,  но ја кажаа нивната заедничка желба, Вардарската регата да доплови  во блиска иднина, до Солун.  Вообичаено, по обновувањето на регатата, највозбудливо е на пристигнувањето во Гевгелија. И годинава заглави сплавот на градоначалникот Петров а тој се пошегува за возбудливиот финиш.

Имав повторно можност да бидам со ,,Гемиџиите, во најинтересниот дел. Нема да верувате, но грешката беше во ЏПС кој ни го покажуваше патот. Но ова е уште едно незаборавно и убаво дружење, по кое сите маки се забораваат – рече во  Петров. Патем по инцидентот од пред две години, кога тој и претседавачот Чадиев завршија во  Вардар, годинава решија да пловат во одвоени чамци, заради како што  објаснија  ,,премиерот и претседателот не патуваат во ист авион,,.

Секоја чест на храброста  на учесниците  и организацијата. Но и желбата да се плови четири дена по овие временски услови – рече градоначалникот на Гевгелија Франгов. Годинава  13-тата регата  одбележа два јубилеи 20 години на АРМ и 30 години од нејзиното постоење. Годинава за прв пат  на Вардарската регата имаше и странци, тоа се татко и син Стојановиќ од Ниш Србија а учествуваа и петмина млади кајакари од клубот Арка од Прилеп.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »