речник контакт

Гемиџиите и годинава пронајдоа тело во Вардар

Тие се сомневаат дека телото е на жена, полицијата не потврдува,обдукцијата ќе го идентификува

Петар Печков

 Учесниците од Вардарската регата  пронајдоа тело  во реката Вардар. Како и  лани така и годинава,  кајакарите во реката пронашле тело кое било во лоша состојба. Веднаш ја информирале полиција, чии екипи се на  терен за  да го извадат на суво.

На тргнување неколку момчиња ни пријдоа  и побараа од нас да внимаваме дали ќе најдеме некое тело, оти нивната мајка неколку дена се водела за исчезната.  Веднаш по мостот на Бетон, кај Караслари, во густ и лош терен младити кајакари сигнализраа дека видоа леш. Мислиме дека е на жена и случајот ги пријавивме во велешката полиција - објаснуваат учесниците  на Регатата.

Од СВР Велес го потврдија настанот, со дополна дека телото засега не можат да кажат дали е на маж или жена, но идентификацијата и обдукцијата која е по наредба на јавен обвинител,  треба да покажат за кого станува збор. Последните два месеци во велешко како исчезнати се водат две жени.

Лани исто  така  првиот ден од пловењето, членовите на регатата пронајдоа леш во близина на населбата  Градско.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »