речник контакт

Гемиџиите не се каат, туку спонзорот блефирал

Навивачката група Гемиџии тврди дека спонзорот не е нападнат, туку само му е скинато сакото

Петар Печков

По информациите дека спонзорот на РК Борец си замина поради нападот од страна на навивачката група Гемиџии, се јавија и навивачите кои тврдат дека немало напад. Според нив настанот се случил на полувремето, бидејќи спонзорот на РК Борец, Васил Нановски претходно не им дал уште 500 денари пари, кој им биле потребни за да стигнат до Кавадарци на натпреварот со ВВ Тиквеш.

Навивачот се стрча кон Цило да му каже воа ноа, а тој му рече бегајте од тука нема ништо со Вас. Дечкото го потегна и му се скина јакната на Цило и тоа беше се. Ниту проба да го нападне, ниту го нападна и тоа ете тоа се случи. Ова му беше изговор на Цило, и  тој блефира. алиби да се откаже -изјавија велешките навивачи.

Велат дека им е криво, но не се чувствуаат виновни, бидејќи РК Борец го сакале најмногу од се. Побарале спонзорство од велешките фирми и газди, но засега намало повратна реакција и тешко оделе работите. Затоа велат дека за следната средба закажана за в среда со Пелистер,  ќе се наплатува влезница од 20 денари за да се подобри финансискта состојба во клубот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »