речник контакт

Гемиџиите стасаа на целта

Четири дена и покрај лошите временски услови, пловеа 80-тина велешани од Велес до Гевгелија

Петар Печков

Дванаесетата Вардарска регата ,,Гемиџии 2011,, заврши со стигнувањето од Гевгелија. За дел од учесниците ново ускуство, а други повторување на веќе познатото.

Но сите задоволни што усепааја 140км да ги извеслаат за четири дена и покрај лошите времеснки услови. Првиот ден во четвртокот, дождот кој како со кофа да истураше од небото ги накисна учесниците. Саботата  додека се минуваше Демиркаписката клисура, сонцето кое печеше ги офарба учесниците во жешко црена боја на кожата, додека последниот ден силниот ветер, кој ја успоруваше пловидбата, беше причина да се весла како ниту еден ден претходно.

На целта беа пречекани од велешкиот градоначалник Горан Петров и градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов според кои вардарската регата „Гемиџии“ ги обединува историјата и сегашноста и е убава можност за развој на туризмот.

Со „Гемиџиите на новото време“ пловеа и претставници на подмладокот на Црвен крст, извидници, велешки кајакарски клубови и спасители.

Вардарската регата која лани се одржа првпат по 20 години е во чест на велешките трговци кои во 19 век со сплавови или гемии по Вардар носеле разна стока за продажба од Велес за Солун, како и во чест на солунските атентатори, познати како Гемиџии.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »