речник контакт

Гемиџиите тргнаа по Вардар (фото)

120 учесници на 14 чамци до недела ќе пловат до Гевгелија. Годинава има гости од Шабац -Србија и Биело Поље -Црна Гора

Петар Печков

120 учесници на Вардарската регата утрово заполовија од Велес, по реката Вардар кон Гевгелија. Од Мало Мовче популарните ,,Гемиџии,, четири дена ќе пловат до Гевгелија. 120-те километри ќе ги минат во четири етапи, со ноќевања на Криволак,  Демир Капија и Марвинци.  

Учесниците пловат во 14 чамци а годинава има и гости од Савската регата од  Шабац Србија и  Биело Поље  Црна Гора. На овој начин велешани ја одржуваат традицијата на нивните трговци, кои во 19-тиот век, преку Вардар на  гемии ја пренесувале робата до Солун.  

Добивме дозвола од Капетанијата од Охрид, сите  пловила се проверени и се во исправна состојба, така што сметаме дека безбедносната состојба е во ред. Нивото на реката е задоволително  и недела попладне треба да стигнеме до Гевгелија – рече   Ангелче Гушев дел од организациониот одбор на манифестацијата.

На неа  учествуваат и припадници на Армијата и Полицијата.  Ова е 18-та регата откако таа плови и седма по возобновувањето.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »