речник контакт

Германски „Маркварт“ го купи земјиштето кај Караслари

Земјиштето е продадено за 71 денари за квадрат

Петар Печков

Локалната власт информираше дека  е продадена парцела со површина од 100.000 м2 во новоформираната индустриска зона Караслари.  Ова земјиште е за потребите на новата германска инвестиција која за прв пат  се реализира во Велес. Од продажбата локалната власт во општинскиот Буџет  инкасираше   приход од 80 отсто од продаденото земјиште или  околу 6 милиони денари.

Станува збор за германска компанија „Маркварт“, набавувач во автомобилската индустрија за врвните германски брендови, како „Мерцедес“, „Ауди“ и „БМВ“. Фабриката  е вредна 35 милиони евра,  ќе почне да се гради во март  годинава, во новата индустриска зона Караслари кај Велес, треба да биде на површина  од околу 15 илјади м2.

Според најавите од инвеститорот, со производство ќе се започне во првиот квартал од 2015 година, а тоа ќе значи 500 до 600 нови вработувања на претежно млади кадри.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »