речник контакт

Гиго Петров, велешка рок легенда

Отидов во Австралија да останам 6 месеци, живеам тука 33 години. Има колекција на гитари, некои вредни по 35 илјади долари. Гиго испорача гооооолем поздрав за велешани

Петар Печков

 Гиго или Глигор Петров  кај велешани  е познат како Точак.  Прекарот  е асоцијација на познатиот гитарист Радомир Михајловиќ  член на групата Смак од Крагуевац, а Гиго е поим и денес  за велешани за рокер. .Живее во Австралија. И натаму музиката е негов живот. Тој  и натаму музицира, има  гитари со кои и денес свири и настапува.   Повеќето вредат со илјадници долари, квалитетни и вредни.

Имам две најдобри  тоа се ,,Фендер стратокастер,, од 68 година, вредна најмалку 35 илјади долари. Имам и многу други гитари акустична ,,гуилд,,  околу 6 илајди долари. Во колекцијата се и  јамахи, Редлик, Џипсон, Ибанез. Многу јака колекција со која се гордеам. Многу е вредна.   На времето дојдов во Австралија да останам 6 месеци, останав 33 години Поздрав до велешани, гоооолееем пооооооооздрав  – вели Гиго. 

Се присетува на младоста и неговите свирки низ Велес, по  кој го помнат постарите сограѓани. Иако  физички отсутен од градот, тој е тука во муабетите, по неговиот музички квалитет. 

Со групата со која свирев, имавме многу јаки свирки, се собираа по две илјади луѓе. Тоа и денес е голема бројка за таков простор. Беше престиж да се дојде на нашите концерти. Свирев хеви-метал, имав голема коса и бев несекојдневна појава за тоа време, вистински хипик од почетокот на седумдесеттите. Ме гледаа чудно велешани а потоа се навикнаа на мене. Жените не се палеа, туку колеа по нас -  низ смеа вели Гиго член на Магична Крв во која биле и  Боре Караколето, Орце и Ружди Жути.

Гиго прв во Велес донел оригинал соло гитара и тоа марка ,,ибанез,,  од Италија вредна три илјади марки, тогаш вистинско богатство. Тоа негова пасија кон гитарата продолжува и денес, со квалитетните инструменти кои ги има дома. На нив свири за своја душа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »