речник контакт

Гилевски со романот Посмртна венчавка добитник на Рациновото признание

Рацин е автентична литература и култура, тој е гордост, централна фигура на современата литература, смета добитникот Гилевски

Петар Печков

  Годинешен добитник на Рациновото признание Паскал Гилевск за  романот  ,,Посмртна венчавка,,  во издание на Матица Македонска.  Во конкуренција од 22 пристегнати дела  петчленото  жири во состав Иван Чаповски, Оливера Николова, Илхами Емин, Блаже Миневски и Трајче Кацаров едногласно одлучиле наградата да му ја доделат  на  Гилевски. Во потесниот избор за наградата Рациново признание влегле и делата на Игор Анѓелов со ,,Фотосинтеза,, и на Соња Манџук со ,,Стилски вежби,,.

Романот на Гилевски се издвојува од понудената продукција, со обмислена романескна структура, со ефектно раскажана приказна, со ликови прецизно изнијансирани кои го носат товарот  на потресната тема. Јазикот со кој пишува авторот е богат и близок до усното народно творештво, со моќ на сликарски потези и колоритна силина, што овозможува делото да се прима сугестивно и емотивно – рече претседателот на жирито Иван Чаповски. 

Наградата на Гилевски ќе му биде врачена на  13-ти јуни во рамките на манифестацијата ,,Рацинови средби, кои годинава ќе се одржат  од 12-ти до 14 јуни, по 51-ви пат. 

Појавата на Рацин беше голема среќа за македонскиот народ. Поезијата на  Рацин никна од  духот, од пазувите на  народната поезија. Тој е автентична литература  и култура, тој е гордост, централна фигура на современата литература. Имам многу награди добиено и во Македонија и странство, но ова е искрено и можеби најзначајна награда.  Јас и другите деца бегалци до Грција по домовите Унгарија, Полска, Чешка, Романија  за Македонија знаевме само по песните на Рацин. Од малкуте часови на мајчин македонски јазик,  таму ја учевме токму неговата  поезијата. Тој беше нашата духовна врска со татковината – рече добитникот Паскал Гилевски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »