речник контакт

Гимназијалците од Велес со претставата ,,Дома, во Требиње

Тие како најдобра македонска претстава учествуваат на регионалниот фестивал на драмски аматери од поранешните Југословенски републикi

Петар Печков

На 58-тиот Фестивал на драмски аматери во Требиње, ќе настапат и велешките Гимназијалци со претставата ,,Дома,,.

Иако на  Републичкиот  Драмски   аматерски фестивал одржан во мај во Кочани, победи претставата од  Врање- Србија, младите велешки актери, како најдобра македонска по избор на селекторот Трајче Кацаров, ќе учествуваат на фестивалот во БиХ, кој со години ги  собира    најдобрите аматери од поранешните Југословенски републики.  

Претставата ,,Дома,,  на авторка  Људмила Разумовскаја, адаптирана и во режијата на  актерката  Слободанка Чичевска, премиерно беше изведена за патрониот празник на Гимназијата Кочо Рацин од Велес, ноември минатата година.                     

Претставата е сурова, но вистинита приказна, за судбината на група млади луѓе кои во виорот на општествените и социјалните превирања во Русија остануваат без своите родители и без своите домови. Препуштени на суровата и студена безмилосност на улицата  тие копнеат по својот дом – вели режисерката  Слободанка  Чичевска, актер во велешкиот театар.  

На сцената со предизвикот на актерскиот „занает“  се соочуваат учениците: Марија Баркова, Сања Мирчевска, Константин Атанасов, Кристијан Саздовски,Кристијан Јорданов,  Стефан Николовски, Кире Ацевски,  Петар Андреев, Цветанка Мирова и  Сандра Танчева.

Тие  работеа во соработка со наставниците по македонски јазик и литература Весна Павлова, Цветанка Карамаркова и Соња Карбева. Седумте дена додека трае Фестивалот во Требиње, ќе  бидат прикажана претстави на аматерите од: Врање - Србија, Стара Пазова – Војводина, Беране – Црна Гора, Чаковец – Хрватска,   домаќинот Требиње и од претставникот на БиХ. Велешани настапуваат недела на 24 јуни, на сцената на Домот на младите. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »