речник контакт

Гинекологот д-р Атанас Василев е в.д директор на велешката Болница

По престојот во велешката болница и разговорот со стручниот тим, министерот Тодоров се реши за д-р Василев

Петар Печков

По вчерашната посета на велешката Општа Болница, министерот Никола Тодоров го соопшти неговото времено решение за оваа функција, која е испразнета по заминувањето на директорот Ванчо Граматов, кого го фати бранот на промени на ВМРО-ДПМНЕ.

Имав состанок со 17-18 луѓе од стручниот колегиум и одлучивме шанса да дадеме на еден доктор, долги годни таму вработен. Тоа е познат гинеколог,  Атанас Василев раководител на тоа одделение па ќе видиме како тој ќе функционира. Му ги дадовме обврските на кој треба да се фокусира. Велешката Болница е регионална и затоа е од посебно значење – изјави министерот Тодоров.

Тој претходно порача дека  в.д  директорот ќе биде личност со високо ниво на интегритет, кој е ценет и почитуван не само во колективот туку и пошироко.  Министерот  се пожали дека не е лесно да се избере вистинскиот, бидејќи тој е огледало  на живеењето во локалната заедница. Со именувањето на  в.д директорот Василев отстранета е  пречката за распишување на конкурсот за тројца  доктори специјализанти бидејќи досега немаше кој да го потпише.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »