речник контакт

Гласањето за вонредните парламентарни избори е в среда на 15-ти јули, се гласа од 7 до 21 часот

На 13-ти гласаат лицата во домашен карантин и позитивни на ковид-19 а на 14-ти болните и изнемоштените лица. 15-ти јули е неработен ден

Петар Печков

Гласањето на парламентарните избори на 15 јули ќе се одвива три дена, а на изборниот ден ќе биде продолжено за два часа и ќе трае од 19 до 21 часот.

Според Уредбата со законска сила што вчеравечер  ја донесе Владата,  на 13 јули ќе гласаат лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат.

Во општините во кои гласаат овие лица, во зависност од нивниот број, Државната изборна комисија формира еден или повеќе посебни избирачки одбори составени од тројца здравствени работници, при што политичките партии имаат право да именуваат член во посебниот избирачки одбор.

На 14 јули 2020 година ќе гласаат немоќните и болните лица, како и хронично болните и останатите лица кои согласно Изборниот законик гласаат еден ден пред одржувањето на изборите.

Дејствијата на изборните органи кои согласно Изборниот законик се преземаат еден ден пред одржувањето на изборите, ќе се спроведуваат во рокови утврдени со роковникот на Државната изборна комисија.

На изборниот ден, на 15 јули, избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 21 часот, два часа подолго од вообичаеното на претходните избори кога гласачките места се затвораа во 19 часот.

Изборната кампања започнува на 24 јуни година и трае 20 дена. денот на одржувањето на изборите, 15 јули, ќе биде неработен ден.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »