речник контакт

Гласно, за слобода на изразување

И велешките млади учесници на летниот камп во Струга, каде младите од земјава работеа на слобода на изразување кон своите врсници.

Петар Печков

Стотина млади од 14 градови од Македонија,  на улиците во Струга, ја демонстрираа моќта на младинското здружување и испратија охрабрувачка порака за слобода на изразување кон своите врсници.

Тргнувајќи од Пливалиште, преку Старата чаршија и кејот на Дрим до Паркот на поезијата, преку контраст од молк и гласност, танц и парада,  повикаа кон фестивалот Гласно на кој млади уметници и активисти ја уживаа слободата на изразување.

Во период од 15-22 август во детското одморалиште „Мајски цвет“ се одржа МОФ Летната академија „Слобода на изразување“, на која учествуваа 150 средношколци и студенти од 14 градови од Р.Македонија. Со 9 учесници на академијата учествуваше и младинскиот клуб при Фондацијата „Фокус“ од Велес.

На академијата се одржаа серија на обуки и тоа: обука за тренери по дебата и учиме право, обука за дебатни судии, обука за аудио и видео активизам , изработка на накит од е-отпад, граѓанско новинарство, изведбени уметности и перформанс градеа вештини и промовираа слобода на изразување.

Исто така младите имаа можност да дебатираат по Карл Попер форматот и Британска парламентарна дебата.
Младите уметници и фотографи, одржаа изложба на рачно изработени предмети, инсталации, графити, портрети на уличниот фестивал кој се одржа на 20-ти август во Паркот на поезијата – Струга.

Овој фестивал им понуди простор и промовирање на младите уметници и прикажување на алтернативна култура. Преку уметнички дела, графити, јавни говори и инсталации младите луѓе го изразија својот став и мислење и ја промовираа слободата на изразување.

МОФ Летната академија и Гласно! Уличен фестивал се организирани во рамките на проектите „Локална младинска иницијатива“ и „Младинска независност“ финансирани од Фондација отворено општество – Македонија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »