речник контакт

Го запали својот камион

Велешанецот Тоше Јорданов (25 год) го запали неговиот камион, кој беше запленет во акција на СВР Велес за фаќање на дрвокрадци.

Петар Печков

Велешанецот Тоше Јорданов (25 год) го запали неговиот камион, кој беше запленет во акција на СВР Велес за фаќање на дрвокрадци.

Пред очите на присутните и полицајците,  Јорданов  дојде  на приватен паркинг, каде беше возилото, го полеа со шише бензин,  по што со запалка го потпали. Огнот бргу го зафати камионот и тој пламна и изгоре. Противпожарната единица  кога дојде можеше само да го локализра пламенот кој веќе згаснуваше.

Полицијата по ова го приведе сопственикот и против него поднесе кривична пријава за предизвикувње општа опасност. Тој претходно заработи и други две кривични пријави, нелегален превоз и шумска кражба откако завчера попладне беше фатен на патот Велес - Булаково како во неговото возило камион марка застава со регистарски таблички ВЕ- 695-БЛ нелегално превезува 7 кубици дрво за кое немал дозвола за сечење ниту истот имало жиг. Претходно на истиот пат било фатено и лицето Неџат Сулејмани од село Бузалково како во неговиот камион марка мерцедес со регистарски таблички ВЕ-668 БХ пренесувал 7 кубика дрво.
 \"\"

И во двата случаи дрвата биле без жиг и дозвола се сечење, по што истите се одземени заедно со  товарните возила, додека против двајцата сопственици се бидат поднесени кривични пријави за шумска кражба и нелегален превоз.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »