речник контакт

Годинава Источен петок Балаклија се одбележува без верници

Црквата ги повика верниците да ги следат литургиите преку видео пренос,полицијата презема мерки за почитување на вонредна состојба а градоначалникот апелира до граѓаните празникот можеме да го славиме и догодина

Петар Печков

Во пресрет на утрешниот празник Источен петок Балаклија, ден на манастирот Св. Димитрија и денешниот попладневен заслуг, кога велешани масовно го посетуваа овој верски објект, годинава традицијата ќе биде прескокната. Причината општо позната состојбата со ковид-19. Поради тоа уште пред десетина дена од Повардарската епархија  најавија дека на литургиите, вклучувајќи  ја и вечерната и утрешната во манастирот Св. Димитрија, нема да присуствуваат верници.   

„Имајќи ја во предвид актуелната ситуација и неможноста на верниците да присуствуваат на светите Божествени Литургии овие денови, сите Празнични Богослужби ќе бидат пренесувани во живо наа фејсбук страна“ напишаа од Повардарската Епархија на МПЦ-ОА. 

ТрМр  постави прашање до СВР Велес дали и какви мерки ќе преземат заради почитување на новите уредби на Владата а заради справување со ковид-19, (држење растојание, групирање) а во врска со верскиот празник  Источен петок Балаклија, кога се посетува манастриот Св. Димитрија?

СВР Велес ќе постапува според наредбите издадени од Владата, кои налагаат носење на заштитни маски, држење на растојание помеѓу нив, се забранува групирање на граѓаните и движење за време на полицискиот час. Патот кон манастирот „Св. Димитрија“ е забранет за сообраќај поради изведување на градежни работи на истиот и не е безбеден за движење. Доколку некои граѓани се упати пешки од другата страна, од кај кланицата „Агриа“, ке им биде укажано да ги почитуваат наредбите од Владата - одговори портпаролот Верољуб Додевски. 

На истата тема ТрМр го праша и градоначалникот Аце Коцевски, какви мерки презеде општинскиот кризен штаб, поврзани со посетата  велешани на манастирот Св. Димитрија?

Има несовесни возачи кои ги поместуваат барикадите, со кој се означува дека се забранува  сообраќајот по стариот пат за Градско.  Поради  тоа денес  се поставени поголеми бариери за да се спречи движење на возила. До сограѓаните апелирам, да не се доведуваат во опасност, поради состојбата со ковод-19 и поради тоа што таму има градилиште и постои можност да се откорне парче од карпите. нека се воздржат од посета. Нека бидат во мислите со Св. Димитрија и Балаклија а здравје до година сите ќе можеме да го посетиме. Кога можеше Папата сам да врши миса од истите причини, можеме и ние - порача -Коцевски.

фото архива

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »