речник контакт

Годинава без Фестивалот на храната

Во недостаток на познати кулинарски имиња, организаторот решил годинава да паузираат

Петар Печков


 По две годишно успешно организирање на единствениот Фестивал на гастрономијата во Македонија кој се одржуваше на хотелот Романтик, во текот на месец јули, годинава тој нема да се одржи.

Организаторот невладината организација ,,46664,, кратко образложи дека имале проблеми околу обезбедувањето на реномирани гости, поради што процениле дека е подобро една година да се паузира, отколку да се има кратка програма или пак гости без познати кулинарски имиња.

Претходните години велешани имаа ретка можност да уживаат на терасата од Хотелот Романтик, во вкусните јадења подготвени од познати имиња од Хрватска, Австрија, Турција, Шведска....

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »