речник контакт

Голем интерес за комерцијална вакцина против сезонски грип во Велес

За четири часа потрошени 160 вакцини а добиени се 400. Цената е 800 денари

Петар Печков

Иако без најава, за само четири часа 160 велешани се вакцинираа со комерцијална вакцина за сезонски грип.   Таа се  добива во Центарот за јавно здравје Велес.   Вакцината е дистрибуирана и во градовите од Повардарјето, Кавадарци, Неготино, Гевгелија но и во Свети Николе, кои се  под надлежност на оваа здравствена институција.  

Велес доби 400 вакцини против сезонски грип засега, останатите се за другите центри. Цената е 800 денари и може да ја примат граѓани кои што ќе изразат желба или имаа потреба. За разлика од таа што е бесплатна која е француска оваа четиривалентна и е  од холандско производство  - изјави епидемиологот  д-р Билјана Трајкова од Центарот за јавно здравје Велес.

Вакцинацијата се извршува во терминот од 8 до 14 ч. се додека има нејзини резерви. Денес се вакцинира граѓани од различни возрасни групи.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »