речник контакт

Голем интерес за предавањата за вселената на професорот Василковски, од Бостонски Универзитет

Првото било во Скопје во Скопското астрономско друштво а второто пред учениците од велешката Гимназија „Кочо Рацин“

Петар Печков

Златко  Василковски проф. д-р. на Бостонскиот универзитет по вештачка интелигенција на магистерските студии, одржа две предавања кои ги наполнија салите и предизвикаа силен интерес кај присутните. Првото било во Скопје во Скопското астрономско друштво а второто пред учениците од велешката Гимназија „Кочо Рацин“ каде го завршил средното образование.  

„На предавањето во Скопје дојдоа повеќе до 200 гости, што беше над очекувањата., од сите профили. Прашањата беа интересни и не можев сите да ги одговорам, немавме толку време. Бев пријатно изненаден. Прашањата беа од областа на вселената. космосот   кои се секогаш интригантни.  Слично поминав и во Велес со учениците од Гимназијата, кои ме изненадија со своите предзнаења. Наместо еден саат, одговарав на нивните дилеми повеќе од два часа“ - кажа Василковски.

Златко Василковски доктор на науки е автор на книга „Мултиверзум за почетници“, прво дело  за космологијата и астрономијата на македонски јазик. Тој подготвува нова книга за квантната механика и вештачката интелигенција.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »