речник контакт

Голем интерес кај велешани за бесплатната вакцинација против сезонски грип, од понеделник започнува и комерцијалната

Вакцинацијата се одвива преку пријава на „мој термин“ а започна и во Кавадарци, Неготино, Гевгелија и Свети Николе

Петар Печков

Со голем интерес започна вакцинација против сезонски грип  во Велес,  која се одвива во Центарот за јавно здравје.   Пациенти доаѓаа во „мој термин“ но сепак беше забележливо дека голем е бројот на велешани, пред се од повозрасната старосна група,  кои се решија да се вакцинираат. Првиот ден имаше термин за 180 лица.

„Започна вакцинацијата со бесплатна вакцина сезонски грип. Таа се однесува за хроничните болни, лицата на 65 годишна возраст, трудници и деца до шест годишна возраст.  Вакцината која се аплицира е од холандско производство, четиривалентна и штити од инфлуенца тип „А„ и од т.н. „свински грип“- кажа д-р Весна Николовска Неделкова, директор на Центарот за јавно здравје Велес.  

Поради големиот интерес вакциналниот пункт за сезонскиот груп, кој се наоѓа во зградата на Хигиенски ќе работи и утре сабота. Работното време е од 8 до 15ч. Граѓаните кои се вакцинираат, беа повикани преку СМС порака, откако претходно се пријавиле на „Мој термин“. Граѓаните кои се вакцинираа во просториите на Хигиенски, без исклучок  претходно веќе се вакцинирале и од ковид-19, некои дури и со трета доза.

Освен Велес, вакцина проти сезонски  грип утрово беше дистрибуирана и во градовите кои ги покрива Центарот за јавно здравје од Велес, во Кавадарци, Неготино, Гевгелија и Свети Николе.  Количините кои се аплицираат се добивале дневно, во зависност од бројот на пријавени граѓани во „мој термин“. Од понеделник започнува и  комерцијалната вакцинација, која ќе чини 800 денари а ќе биде  и во Велес и сите градови од Повардарјето.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »