речник контакт

Голем интерес на велешани за ангажирање на Попис 2011

Петстотини велешани се надеваат дека ќе добијат некое од 250-те места за претстојниот попис

Петар Печков

Голема гужва, врева во холот на велешката Гимназија Кочо Рацин, каде се полагаше за инструктори и попишувачи за Попис 2011. Тука  беше местото каде сите пријавени кандидати го полагаа тестирањето.

За 216 места за попишувачи од 550 пријавени дојдоа 380 кандидати, со тоа што од 216-те кандидати кои ќе бидат примени, половината се од припадностите на националностите кои живеат во општина Велес. За 22 инструктори  од 100 пријавени дојдоа на полагање 62 лица. И за членови на реонската пописна комисија на полагање дојдоа 22 лица.

Најголемиот дел од пријавените кандидати студенти, или штотуку завршени студенти, потоа следеа невработените.  Тестирањето беше извршено од страна на претставници на реонската Пописна комисија од Велес  и претставник на Државната Пописна комисија

.Тестовите беа преземени од страна ан претставници на Државниот Завод за статистика, кои ќе ги обработуваат и кандидатите што имаат најдобри оценки, ќе бидат повикани за попишувачи и инструктори.

Доколку се одржи пописот би се работел во периодот од 1-ви до 15-ти април.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »