речник контакт

Голем концерт на велешките поп и рок легенди

Голем концерт одржаа велешките поп и рок легенди во чест на Денот на независноста, а иако некои од нив паузи?аат и со децении, забавата за бројната публика беше голема.

Петар Печков

Голем концерт одржаа велешките поп и рок легенди во чест на Денот на независноста, а иако некои од нив паузираат и со децении, забавата за бројната публика беше голема.  Изведувачите стилски со различна музичка определба, ги загреаа посетителите во Младинскиот парк и ги дигнаа на нозе. Иако се обраќаат на различна возрасна публика тие одлично комуницираа со нив. Ниту паузата од 18 години не оставила трага на нивната свирка. Велешките музички легенди оставија голема трага во животот на градот, за нив толку не се знае пошироко, но затоа не пречело на познати музичари од некогашна Југославија да им откраднат од рефрените, да ги потпишат како нивни, па песните да станат големи хитови.

Нашиот репертоар беше еден од најатрактивните тогаш не само во Велес, туку и во Македонија. Ги свиревме Лед Цепелин, Блек Сабат, Дип Парпл, но имаше и музика од ју –сцената. Имаше премногу богат живот во градот, а најпопуларни бевме ние Лебеди, потоа Триумфи и Изотопи. Први после Биз-бес, влеговме во студиото на радио Скопје и ја снимивме нумерата „Кој пат води за Амарило“.  За жал бидејќи бевме од Велес и немаше кој да не турка, таа никогаш не беше пуштена во етер, потоа ја преснима друга позната пеачка и така нашата успешна кариера, со настапи во живо остана без студиска снимка – вели Трајче Арсов еден од петмината членови на групата Лебеди кои настапувале од 65-та до 75-та.Како анегодата раскажува кога пееле англиски хитови, се додека не дошле гости американци во ресторанот, па тие за да не пукне сраато од познавањето на јазикот, запеале француски  и италијански шансони. Тие иако немаат фатено инструмент во рака до 1990 година, во нивниот получасовен настап ја одушевија публиката. Како засилување го добија вокалот  на тогашниот конкурент групата Триумфи Миле Бошков, меѓу колегите познат како Миле Мувата, велешкиот Павароти.

Ривалите префрлаат дека сум бил за`рѓан, а јас за разлика од нив постојано пеам и настапувам и добивам аплаузи на среде песна. Ривалството меѓу нас остана, ама само во музиката. Другари сме и пријатели и натаму, како и пред многу години. Велес тогаш беше многу музикален град, имаше свирки во Гимназија, во Младински, Соколаана. Овој концерт е одлична работа – вели Миле Мувата кој објаснува дека групата Тримуфи го добила името по во средината од 60-тите популарниот англиски автомобил двосет кабриолет Триумф и на шега додава, кога не можеле да го возат барем да се именуваат по него. На сцената во Амфитеатарот во Младинскиот парк кој беше преполн со публика од сите генерации се сменуваа Оршата, Боре Караколето, музичари со реноме. Групите Соната и Виртус свиреа странски  поп рефрени, хитови кои не ги  оставија рамнодушни посетителите. Публиката не ги штедеше дланките, а остана до после полноќ да ги проследи нивните некогашни идоли.

\"\"

Вечерва беше прекрасно кога видовме среќни, насмеани и здоволни лица кои танцуваа на нашата музика, ја прифатија иако денес мексиканската песна е заборавена -  Крсто Џгуров член на Трио Сомбреро кое може да се пофали со солистички концерти во велешкото кино. Него на сцената го замени синот Боби како член на групата Ла Манш. Тие ја воодушевија пред се помладата публика со хитовите од трите нивни албуми издадени за МРТВ на почетокот од 90-тите години. Случајно концертот се поклопи со тој од 8-ми септември 1991-та кога заедно со тогашниот државен врв и Ла Манш на бината на плоштадот Македонија  во Скопје ја славеа независноста. Не се сеќаваат дали добиле од слвеничкото шампањското, но битно е што биле таму.

\"\"

Тоа е ноќ за помнење. Бевме млади, но зрели  ама и почестени што заедно со многу други афирмирани групи и пеачи одбележувавме историски настан. Знам дека дел од помладата публика ги учеше нашите песни за да може  вечерва добро да се забавува и пее со нас – вели Роберт Трајков. Од групата најавуваат дека постои желба кај нив да се оформат повторно и да настапат на македонскиот избор за песна на Евровизија. Сепак најмногу аплаузи собра Димче Бегинов – Бегинот кој со евергрините на Битлси, Том Џонс, Хсампердинг, Владо Јаневски ја запали публиката во ладната септемвриска ноќ. За него знаат по јадранското крајбрежје, бидејќи 15 години со неговата група Кактус настапувал во елитни простори во Хрватска. Тој ја откри и тајната вешто чувана децении, дека Горан Бреговиќ позајмил рефрен од песна што тие ја свиреле.

\"\"

Настапувавме во ресторанот кај прочуениот Џипунот, кога после концертот во Велес Џаро ги донесе на вечера Бијело Дугме. Тој инсистираше од нас да им ја засвириме Мавели, песна химна на велешките свадби.

После неколку месеци Дугме издадоа албум и ми се јавува Џаро и во смеа ми вели, видели ти Брега што направи со вашата песна, ја обработи како „Те ноќи кад умрем, кад одем, кад ме не буде“ . Така тоа беше нашиот најголем успех – вели во шега Бегинот.















АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »