Петар Печков
Објавено: недела, 07 јуни 2026
Под мотото "Ти подарувам бесмртност" денеска се одржа традиционалната крводарителска акција по повод Рациновите средби. Истата е во организација на Општинска организација Црвен крст Велес и Општина Велес.
„На денешната акција вкупно беа дарувани 90 крвни единици. Четворица од дарителите даруваа за прв пат. Тоа е најголем број на оваа акција. Минатата година се даруваа 36 дарители“ – соопшти Орце Николов секретар на ОО Црвен крст Велес.
Крводарителската акција заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Се одржа во просториите на Ликовен салон.
| Tweet |






