речник контакт

Голем пожар во Дворови, изгореа три куќи, еден починат,шестмина повредени (фото)

Осум часа пожарникарите се обидуваа да го изгаснат огнот

Петар Печков

Ноќеска околу 12,30 часот во месноста Дворови изби голем пожар во кој две куќи изгореа до темел а во третата која е конфекција  изгоре    опремата и репроматеријалот. Во пожарот едно лице го загубило животот, старица  која живеела во една од куќите.

При интервенцијата еден од пожарникарите, од експлозија на боца со плин   е повреден и пренесен во  Болница.  При интервенција возачот на итната помош,кој  билм службено  таму, се лизнал на водата која  подмрзнала од ниската температура и има скршеница на ногата.  

Силниот северен ветер придонел да огнот зафати три куќи и направи голема материјална штета.  Во велешката Болница шест лица утрово  биле примени, четворица по укажаната помош се  пуштени дома а двајца се задржани, со помали изгореници, информираше портпаролот д-р Мишкoва. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »