речник контакт

Голем јубилеј на Радио Велес, кој чека да замолкне

На 24 март 1959 година во 10 часот се слушна авизото ,,Зборува радио Титов Велес, зборува радио Титов Велес,, заедно со звукот на химната на ,,Крвава зора Велес го грее“.

Петар Печков

На 24 март 1959 година во 10 часот се слушна авизото ,,Зборува радио Титов Велес, зборува радио Титов Велес,, заедно со звукот на химната на ,,Крвава зора Велес го грее“.

Од тогаш минаа 50 години а оваа во најголем дел  од времето единствена информативна куќа во градот, пренесуваше информации за збиднувањата во општината, добри и лоши. Денес 10-те вработени се во состојба ни на небо ни на земја.

Откако со Законот за радиодифузната дејност од 2005-та, овие информативни куќи, 30 во Македонија,  требаше да се продадат или згаснат, Радио Велес ја дели лошата судбина со дел од вработените во земјава.   Бидејќи никој не пројави желба да го купи радио Велес, Законот вели дека Владата треба да го ликивидира. Три години вработените чекаат да се случи ова, но никако тој ден да дојде.

И додека другите бараат вработување, десетмината од Радио Велес бараат да бидат испратени на Бирото за вработување, но државата тоа не го прави, со ниту едно локално радио од 20-те преостанати во Македонија. За овој период тие не земаат плата. Поради ова на фрекфенциајта 88,3 фм се емитува само музика а како изгледа објектот одвнатре во оваа фото репортажа.

Објектот со делбениот биланс од 1999 година, Владата го даде на сопственост на Општина Велес.

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »