речник контакт

Голема акција на Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост во Велес

Најновите македонски филмови „Тајната книга“, „Големата вода“ како и светските наслови „ЗОО“, „Мр.Бин оди на одмор“ се дел од нелегални ДВД филмови кои...

Петар Печков

Најновите македонски филмови „Тајната книга“, „Големата вода“ како и светските наслови „ЗОО“, „Мр.Бин оди на одмор“ се дел од нелегални ДВД филмови кои во акција на повеќе надлежни инспекции беа запленети во Велес.

На листата се и нелегални софтвери на „Мајкрософт“ музика од македонски поп и народни изведувачи, најновите албуми на светските музички атракции. Вкупно во четвртокот во целодневната акција во градот се о?земени три илјади наслови.

- Борбата против пиратеријата е дел од заштита на авторската и интелектуалната сопственост и тоа е вовед кон нова и обемна национална стратегија. Владата ќе стори се нелегалната продажба на секаков вид сопственост изчезне од улиците и продавниците - изјави Мите Костов, претседател на владиното координативно тело за Заштита на интелектуалната сопственост.   

Негови претставници, од МВР, Министерството за култура, Царината, Државниот пазаришен инспекторат, УЈП, Државниот инспекторат за заштита на сосптвеноста десетина часа престојуваа во Велес и посетија 10 дуќани од кои три биле затворени. Во останатите седум секаде биле пронајдени неправилности а една продавница, бидејќи немала дозвола да работа со ДВД и ЦД, била запечатена.

За сите седум сопственици, секој од присутните државни инспектори ќе поднесе прекршочни пријави, во зависност каде го прекршиле Законот за повреда на индустриска и интелектуална сопственост.

Одземениот нелегален материјал ќе биде уништен на Дризла, по завршувањето на судската постапка. Ова е трета голема акција во ваков обем од почетокот на годинава, на Владиното координативно тело за заштита на интелектуалната сопственост, по тие во Скопје и Битола.  

Дел од сопствениците на продавниците реагираат, што им бил одземен материјал кој бил нивна приватна сопственост, не го продавале. Тие прашуваат зошто акцијата не е спроведена ден подоцна, кога на Градскиот пазар дивите препродавачи нудат единствено пиратски филмови и музика, за разлика од нив кои уредно ги плаќале давачките кон државата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »