речник контакт

Голема е болката дете да нема родителска љубов и грижа

Афирмирано значењето и бенефитите од програмата за згрижување на деца и проектот „Подај рака, спаси живот“

Петар Печков

Животот младата велешанка Цеце Николова во детството не ја милувал. На седум години оставена од родителите, да се снаоѓа како знае и умее, без поткрепа од никого. Но во тие тешки моменти за нејаките  детските плеќи, помош дало згрижувачко семејство од Скопје, каде Цеце растела и добивала родителска грижа и љубов. Таа има само пофални зборови за семејството кое ја подигнало и воспитало.

„Јас растев кај згрижувачката, мајка Наташа, до мојата 18 година. Имам убави спомени, убаво искуство од животот таму. Затоа лицата кои имаат услови- просторни, љубов која сакат да ја споделат,нека станат згрижувачи“- кажа Николова.  

Животот за овие деца не бил милостив, оставени на патот и милоста на судбината, но се нашле, луѓе со широко срце, кои институционални се грижат за нив.  Покрај трите родени деца Ферае Думришовска од Велес одгледува уште четири, кои се без родителска грижа.

„Не знаев што е згрижувачко семејство, научив од свекорот и свекрвата. Кога станав мајка, осетив што е тоа. Кога на сопственото дете чувствуваш болка, дали има за јадење, за спиење. Зошто тогаш некое друго да нема љубов, грижа, тоа е голема болка. И затоа станав загружувач“- вели Ферае Дурмишовска од Велес.

„Во Македонија има 600 напуштени деца од страна родителите, кои живеат во 350 згрижувачки семејства. Во Велес има девет  семејства кај кои се згрижени 22 деца. Но потребни се и повеќе, за да може да се одговори на предизвикот, сите напуштени деца,од било која причина од страна на родителите, да најдат топол дом. Семејствата кои повеќе од 15 години се згрижувачи на деца, добиваат траен материјален надомест после наполнети 62 години за жени и 64 години за мажи“ изјави Енвер Хусејин земник министерот за труд и социјална политика.

Тој заедно со СОС Детско село, го афирмираа значењето и бенефитите од програмата за згрижување на деца и проектот „Подај рака, промени живот“.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »