речник контакт

Голема озонска дупка над Арктикот

Големата озонска дупка над Северниот пол ги загрижува научниците во светот. Низ дупката, која во споредба е пет пати поголема од Германија, на Земјата продреа опасни УВ зраци. Погодени беа и некои региони на Европа.

Петар Печков

Научниците оваа пролет првпат покажаа постоење на голема озонска дупка над Арктикот. „Губењето на озонот во пролетта 2011 година, беше најголемо кое до сега е измерено над Арктикот“, пишува меѓународниот експертски тим во стручното списание „Нејчр“.

Како што наведуваат научниците, озонската дупка во рок од две недели поминала преку источна Европа, Русија и Монголија. Притоа луѓето во тие региони биле изложени на високо зрачење на ултравиолетова светлина (УВ).

Предупредуваа во почетокот на годината, но сега изнесоа конкретни податоци

Озонската дупка над Северниот пол, како и на југот на земјината топка, може за тоа подрачје да претставува опасност за животинскиот и растителниот свет. Бидејќи озонот во стратосферата ги апсорбира УВ зраците. Поради недостиг на озон сите живи суштества на Земјата на одредени подрачја над кој се наоѓа озонската дупка, можат да почувствуваат значителни последици, а недостигот на озон и со тоа и посилен продор на УВ зраците, кај луѓето предизвикува рак на кожата. На тоа треба да се додаде дека недостигот на озон настанува при екстремен студ и испуштање на фреон (одредени гасови) во атмосферата.
Научниците на листата во списанието „Натуре“ образложија дека во посочениот период над Арктикот измериле хемиско уништување на озонот кое се споредува со озонската дупка над Антарктикот. Научниците од Институтот Алфред Вегенер во Потсдам веќе во почетокот на годината го свртеа вниманието на јавноста за озонската дупка над Северниот пол. Сега објавија и податоци за настанувањето на дупката во стручен натпис.

За сега без грижи, но внимателно поради климатските промени

Воздушните маси, кои биле изложени на загуба на озонот, според наводите на истражувачите на атмосферата на Маркус Рекс од потсдамскиот Институт, изминатата зима на неколку дена се задржале над јужна Европа. И северна Германија била погодена кон крајот на март, додека во почетокот на април било забележано зголемено УВ зрачење во јужна Германија, потврди овој научник. Воедно предупреди дека постои опасност од рак на кожата кај тие кои во тоа подрачје и во тој период добиле сончеви изгореници.

Понатаму се наведува дека една од причините за настанување на озонската дупка е необично долгиот период на исклучителен студ минатата зима. Имено, екстремно ниските температури во стратосферата – атмосферски слој на околу 20 километри над земјината површина – доведоа до зголемување на хлорот, кој е штетен за озонот. „Нашите резултати покажуваат дека настанувањето на озонската дупка е можно дури и при значително поблаги температури од температурата на Антарктикот“, пишува експертскиот тим составен од 30 научници. Дали некогаш повторно може да дојде до едно толку големо губење на озонот, на тоа прашање научниците не можеа да дадат одговор. „Имаме многу зими во кои не треба да се грижиме“, истакна Рекс напоменувајќи дека поради климатските промени засилено доаѓа до пониски температури во стратосферата и со тоа до зголемување на опасноста од губење на озонот, кој нашата кожа ја штити од опасните УВ зраците.

Текстот е преземен  од  Дојче Веле - Келн

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »