речник контакт

Горaт 50 хектари дабова шума, помеѓу Ореше и Папрадиште

Попладнево бил ангажиран и хеликоптер на АРМ, локализирањето продолжува и утре

Петар Печков

Голем шумски пожар ја зафати шумата во регионот на Азот, на планината Даутица, помеѓу селата Ореше и Папрадиште.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, огнот зафанал површина од 50-тина хектари даб  а попладнево таму бил испратен и хеликоптер на АРМ.

 „Огнот не е локализиран, попладнево гасеше и еден воен хеликоптер. Локализирањето на пожарот продолжува утре. На местото се екипи од 20-тина вработени на Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес“ - кажаа од Центарот за управување со кризи.   

Огнот  е регистриран вчера, понеделник околу 11ч.   Мештани од Папрадиште пак посочуваат дека оган имало уште во неделата вечер за што пријавиле кај надлежните.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »