речник контакт

Горан Петров нов градоначалник на Велес, Советот нема апсолутно мнозинство, Иванов претседател

Горан Петров е новиот градоначалник на Велес, така решија граѓаните на неделното гласање.

Петар Печков

Горан Петров е новиот градоначалник на Велес, така решија граѓаните на неделното гласање.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ освои 14.555 гласа или 50,4 отсто од излезените гласачи, додека кандидатот на ЛДП, СДСМ и НСДП Аце Коцевски освои 13.662 гласа или 47,3 отсто од гласовите, додека остатокот  674 се наважечки ливчиња. Во Велес од запишани 47.850 гласачи излегле 28.891 или 60,4 отсто.

Ова се официјалните но не и конечни резултати на ОИК. Во неделата се гласаше за листа на советници во пет избирачки места во селата Џидимирци, Рудник, С `лп, `Рлевци и Сливник, каде  ДУИ освои 111 гласа, ВМРО-ДПМНЕ 22, Сојуз на Титови леви сили 1, Нова Демократија 17, ПОДЕМ 76, Независната лсита на Блажо Атанасов 1, СДУ 1, и СДСМ и ЛДП 1 глас. Вкалкулирано со претходните гласови од пред две седмици состојбата е следна: освои коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 10.673, пред СДСМ и ЛДП со 7748, па ВМРО-НП со 1686, НСДП со 1010, Нова Демократија со 911, ПОДЕМ со 900, Сојуз на Титови леви сили со 780, ДУИ со 884, СДУ со 726,  и независната лсита на Блажо Атанасов со 422 глас. Неофицијално ова значи нов распоред на силите во Советот на општината каде ВМРО-ДПМНЕ има 11 советници но не и мнозинство, СДСМ и ЛДП 8 советника, додека ВМРО-НП, НСДП, Нова Демократија и ПОДЕМ по еден советник.

Во неделата се гласаше и за претседател на Република Македонија, каде победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов 59 отсто собрани гласови додека кандидатот на СДСМ Љубомир Фрчковски освои 35 отсто од гласовите. Излезноста е 42 отсто, што е за 2 над потребниот цензус.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »