речник контакт

Гори шумата близу село Црквино

Запалени се дабови дрвја и смрека

Петар Печков

На пладне околу 11,30ч. голем пожар е забележан близу Велес. Облакот густ чад се крева високо и се забележува од сите страни на градот.

Според командирот на ТППЕ Велес, Љупчо Лепидовски , огнот е кај село Црквино.

Мештаните велат дека гори шума на приодот од Венуле и запалени се дабови дрвја и смрека на неколку хектари.

На лице место веќе се екипи на пожарникари од Велес, кои го гаснат огнот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »