речник контакт

Гостин во казино нападнал друг гостин, вработена, полицајци

По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветен поднесок

Петар Печков

Ноќта сабота кон недела, уапсено е лице во казино, кое  направил неред, физички се справувал со гости, вработена, полициските службеници.

„На 23 јули  во 03.00 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Д.(37 год ) од село Нежилово, поради тоа што околу 2.20 часот во казино почнал агресивно да се однесува, да го оштетува инвентарот, заканувајќи ѝ се на вработената и по вербална расправија физички нападнал друг посетител во казиното, како и полициски службеници кои вршеле службени дејствија“- соопштија од МВР.

По целосно документирање на случајот, полицијата  ќе поднесе  соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »