речник контакт

Гостување на сараевскиот театар пред велешани

Вечерва, сабота 10-ти Септември, со почеток во 20 часот, на сцената на Театарот “Џинот” во Велес ќе гостува Сараевскиот Воен Театар “Сартр” од Босна и Херцеговина, со претствата “Еден Пикасо”.

Петар Печков

Претставата е работена според текстот  на Џефри Хачер, во режија на Лилјана Тодоровиќ, и во неа настапуваат Селма Алиспахиќ и македонскиот актер Мето Јовановски.

            “Еден Пикасо” е претстава која за  позицијата на уметникот во Втората Светска војна, во борбата за зачувување на своето човечко достоинство и правото на слободно креативно делување. Пикасо, голем уметник, живеејќи во Париз, својата борба  против фашизмот ја спроведува со четка, сликајќи ги воените ужаси  и за време на Шпанската граѓанска војна, па не  е чудно што бил омразен и кај Германците.

Во средбата со нацистичката детективка Фишер  се  открива кој е всушност тој голем сликар, во чии дела доминираат чувствата на страдање и ужас, како предупредување за секое зло.  Пикасо во средбата со жената, неговата вечна инспирација, се преобразува во човек кој сочувствува и се идентификува со жртвите на фашистичкиот терор, но заедно со неа пронаоѓа начин оваа средба да ја претрвори во момент на слобода и созадавње.

            Партнерската игра на актерите Мето Јовановски и Селма Алиспахиќ уверливо и вдахновено го брани уметничкиот и човечкиот интегритет од секое ропство и фашизам.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »