речник контакт

Гоце Арнаудов како Мајк Тајсон

На Гоце му дојде преку глава од новинарите на \"Свет\", па им удри маку ќотек, но ќотекот викаат од рајот е илзезен.

lj lkjl

Фолк пејачот Гоце Арнаудов пред почетокот на на финалната вечер на \"Фолк-фест\" Валандово 2006 со тупаници се пресмета со Дуле Микиќ, директорот на македонското издание на таблоидот \"Свет\". Неколку минити пред почетокот на финалето Гоце Арнаудов го забележал Микиќ и веднаш му се нафрлил. ДУЛЕ МИЧИЌ: \"Уште на врата ме дочека и ми рече: \"Ти реков да не те гледам повеќе во Валандово\", ми рече Арнаудов и со тупаница ме удри во главата, над десната слепоочница. За малку окото ќе ми го извадеше. Паднава доле. Не знам што му стана, ова е срамота\"! Инаку, вработен сум во странска фирма и тој може да има сериозни последици, да му биде забранет влез во странство. Што се однесува, пак, до заминувањето го направивме од причина што не ни беше гарантирана безбедноста и никој од организаторите не реагираше. Двајца директори гледаа, а не мрднаа со прст. Сметам дека треба да реагира и ЗНМ, да не заштити и нас естрадните новинари од естрадната мафија. Не можам да се соземам. Не очекував дека ќе ми се случи вакво нешто. Дојдов да работам, а сега си одам повреден\\\", раскажува Дуле Микиќ, кој во консултација со адвокати ќе види каква разврска ќе добие случајот. Арнаудов, пак, во својата верзија вели дека причината поради која дошло до инцидентот не е од сега. Гоце Арнаудов вели дека подолго време го предупредувал Микиќ да не пишува глупости за него во таблоидот \"Свет\". ГОЦЕ АРНАУДОВ: \"Културно го замолив да не пишува за мене никакви информации. Тоа што \"Свет\" го пишува за мене се чисти глипости и од кожа ме вадат. Кога го видов ми се стемни и го удрив по лицето. Тој нон-стоп ме јаде. Му велам Дуле немој да пишуваш за мене повеќе и немој да даваш толку искривени слики, не сум толку грд како што ме правиш. Од илјадници слики ја ставаш најгрдата. Рече нема проблем, а и добро било да се пишува нешто. Му реков, како и секоја година што повторувам, сепак да не пишува ништо. Но ете. И на Роса ми направи конфликт со Елена Велевска. Да не можеме да се погледнеме. Девојчето е младо, тој ја испровцирал да каже што треба и не треба. Секој трет број ме става во најлошо облечен. И на Бубамара беше исто, а носев фармерки Армани, блуза Енерџи. Немаше што да напише, па на крајот \"удри\" на годините. Се собираа работи. На Роса му реков да не си правиме белја. \"Ќе дојдеш на Валандово. Пак ќе треба да се сретнеме. И сега му реков - дојде ете, а тој \"Па што ако дојдов\". Му реков дека е многу дрзок. И ете се случи. Ако ја потсмиреше топката, ако не беше дрзок немаше да ме испровоцира. Не е ова начин, ама со него не знам веќе што да применам. Сто пати му реков, се договаравме, му праќав луѓе да му кажат да ме остави. Сакав пак да го опоменам”-раскажува пејачот Гоце Арнаудов. МИРЧО КАРАМУЧЕВ, ПРЕС-КООРДИНАТОР: ТЕПАЧКИ НЕ НИ ТРЕБААТ! \"Таков инцидент на фестивалот досега не се случил. Причините не ги знам и не можам да кажам ништо, и приватни работи не можеме да расчистуваме. Се случи многу брзо. Факт е дека е глупост затоа што беше во нашите простории. Веднаш интервенираше обезбедувањето и работата се расчисти. Лично потегот најостро го осудувам. Такви работи не ни се потребни. Тоа треба да се расчистува надвор. Не навлегувам кој е крив кој прав, но на фестивалот тоа не ни треба\", вели Карамучев. По инцидентот фолк пејачот Гоце Арнаудов си отпеа на финалната вечер како ништо да не било, а Дуле Микиќ поради отокот го напушти фестивалот и замина во болница. Овој новинаров, нема што да се чуди оти го лапнал ќотекот, сите знаеме каков весник е \"Свет\", затоа некогаш и ќотек може да си лапнат новинарите. А голем поздрав до Гоце со песната \"Удри Брус Ли\"

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »