речник контакт

Гоце Грујов, мајстор ковач, чиј ден е Василица (видео)

Василица во велешко се одбележува како празник на мајсторите кои работат со железо

Петар Печков

Василица во велешко се одбележува како празник на мајсторите кои работат со железо. Еден од двајцата преостанати ковачи во градот е Гоце Грујов, од Превалец.

Тој го продолжува семејниот занет, стар еден век и повеќе. Ковач бил неговиот татко, кој пак го научил занаетот од вујко  му, брат на татко му. Тие се најбројни занетчии во градот,  шивачите го имаат Петровден, касапите Св. Архенгел Михаил. Што денес бараат муштериите, од ковачите.

„Во овој период се бара клепање на секира, монтажа на рачка, острење на ножеви. Работа има, ама тоа не е тоа, некоја здоволителна бројка. Ама имат потреба доаѓаат, оти јас и уште еден два сме во градот“ –вели Гоце.

Тој за да има поголем приход работи уште два занаети, дребунг и браварија, но сите три пворзни со обработка на железото. Гоце ја раскажа легендата која ја слушнал од таткому.

„На Василица Ѓаволот се ослободувал од дното на морето, од железото кое го држело. Го гризел и се ослободувал. Но ние чукнуваме три пати со чекан на наковалната и тој повторно се враќа доле на доното, до  следната година“ – раскажува Грујов.

Вели дека не знае дали и кој ќе го наследи неговиот занет, оти иам три ќерки, девојчиња. Но мнадежта не замира, можеби ако добие внук, тој ќе го продолжи семејнинот занает, со кој одгледува семејство.

„Едно парче леб, една живеачка има, ни богат, ни сиромав, занаетот не не остава на пат“ – кажа Гоце.
На денешниот ден, мајсторите кои работат со железо, одат на манастир, на литургија, потоа на заедничка дружба во ресторан.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »