речник контакт

Градежник паднал од скеле, задржан е во болница

С.Х. паднал додека изведувал градежни работи

Петар Печков

Велешката полиција информира за настан кој се случлил во текот на вчершаното претпладне.

На 28 јануари во СВР Велес било пријавено дека околу 11 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, С.Х.(50) од село Шипковица, тетовско, се повредил при вршење градежни работи. Тој бил пренесен во велешката Општа болница,  каде му била констатирана тешка телесна повреда - информираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Бил извршен увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за падот. 

Од велешката Болница информираа за здравствента состојба на повреденото лице.

Донесен е пациент, над кого е извршено рентгенско снимање. Констатирана е скршеница на ребро и тој е задржан на лекување - изјави  сци.  д-р Тодор Јаковлев портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.   

фото: архива

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »