речник контакт

Градежните активности во Оризари кои беа со самофинансирање, биле без одобрение за градба

Многу малку жители уплатуваат надоместок при изградба констатира Коцевски

Петар Печков

Градежните активности кои жителите на Оризари ги извршија изминатата година, а кои беа со самофинансирање, биле без одобрение за градба. Ова беше одговорот на градоначалникот по поставеното прашање, дали при овие инфраструктурана работи, била запазена законската постапка.  

„За пофалба е што Оризари има дијаспора која е подготвена и сака да инвестира и помага во инфраструктурата на населбата и да го подобри квалитетот на животот на жителите. Средствата кои треба да ги уплатат   како надоместок за уредување на градежно земјиште, треба да дојдат во Општинскиот буџет па од таму да се наменат  за изградба на инфраструктура во населбата. За жал многу малку жители ги уплатуваат при изградба, тие директно ги сами ги даваат  за изградба на инфраструктурата.  За трите проекти кои ги изведоа, ниту побараа ниту добија одобрение за градба“ - кажа градоначалникот Коцевски  

Во ноември лани беа асфалтирани четири улица со 4,5 илјади м2, во април годинава три улици со површина од четири илјади м2 и  инвестиција од 48 илјади евра и проширен беше приодот до населбата од железничкиот премин до влезот во должина од 450 м и вредност од 16 илјади евра.  

Градоначалникот Коцевски информира дека во наредниот период населбата Горно Оризари ќе била големо градилиште, со реализација на повеќе проекти, најмногу од сите во општината. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »