речник контакт

Градоначалникот Колев вели дека ЕУ е најголемиот инвеститор во општината изминатите година и пол

Со донации од ЕУ се работат повеќе проекти во општината

Петар Печков

Европската унија е најголем финансиер, откако сегашниот градоначалник е на оваа позиција. Ова го кажа градоначалникот на Велес, Марко Колев, изразувајќи благодарност за финансиската помош која се дава на граѓаните.

„ЕУ е најголем донатор во Велес, изминатите 16 месеци откако ја извршувам функцијата градоначалник на општината. Тоа е „Европската куќа“,  реконструкција на објектот кој треба да биде „хаб“ за млади во месноста Дворови, треба да започнеме со уредување на централното градско подрачје на градот, кејот на реката Вардар“ - кажа Колев.

Во проектите кои треба да се реализираат спаѓа и изградба на пречистителна станица со колекторски систем за отпадните води од Велес, проект кој е заглавен во административните работи а е вреден 24 милиони евра, грант од ЕУ.

Во мандатот на претходниот градоначалник Аце Коцевски ЕУ вложи еден милион евра за реализација на „Паметно езеро Младост“, при што се изградија повеќе содржини, меѓу нив и се асфалтираше пат до винаријата „Шато-Сопот“. Но дел од нив се неискористени, како што е еко-паркот,куќи во форма на барик за преноќевање, набавени беа 20 електрични велосипеди кои не се во функција, отворено е туристичко биро во центарот на градот, кое не работи.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »