речник контакт

Градоначалникот Колев заедно со партискиот лидер Мицковски во обиколка на проектите кои се реализираат во Велес

Извршена е обиколка на неколку проекти кои се работат, се завршени или ќе започнат а се дел од програмата за работа на локалната власт на Општина Велес

Петар Печков

Градоначалникот Марко Колев во придружба на претседателот на позициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски,  извршија обиколка на неколку проекти кои се работат, се завршени или ќе започнат а се дел од програмата за работа на локалната власт на Општина Велес.

„Прошетавме низ индустриска зона „УЗУС“ каде што пред некој ден завршивме со асфалтирање на две улици, кои се мошне значајни за нејзиниот развој.  Се наоѓаме на ул. Христо Татарчев, која денес треба да биде завршена со асфалтирање, потоа ќе се упатиме кон улица Кумановска, која пред еден месец ја завршивме со уредување. Го посетивме паркингот кај АТД, најголем кој е направен во Велес последните пет години и ќе биде завршен до крајот на месецов. Го посетивме детско игралиште Дизни. Го посетивме и Градскиот пазар да видиме со која динамика тој се гради, оти неколку месеци се работеше на дислокација на колекторот кој минеше под него. И за крај да го  видиме просторот каде ќе се гради кејот на реката Вардар“ - кажа градоначалникот Марко Колев.   

„Задоволство е да се присуствува на нови проекти, исполнети ветувања и не можам да не го скријам задоволството од  работата на градоначалникот Колев, за разлика од тоа што претходните неколку години се случуваше. Убеден сум дека во периодот што следи ќе реализира уште нови проекти,  целата програма што беше ветено во кампањата ќе биде реализирана“- изјави партискиот лидер Мицковски. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »