речник контакт

Градоначалникот на Лозово, пријавил обид за напад врз него

Напаѓачот тргнал кон градоначалникот со метален предемт

Петар Печков

Градоначалникот на Лозово, Аце Велковски пријавил во полиција, дека во саботата попладне, бил нападнат. МВР за настанот информираше во денешниот билтен.

„На 2-ри октомври  околу 17.20 часот во ОВР Свети Николе А.В., градоначалник на општина Лозово пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“ во село Каратманово, од страна на С.С.(47) од ова село. Тој во  Каратманово тргнал кон него со метален предмет“ - соопштија од МВР.

Додаваат дека  преземаат мерки за расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »