речник контакт

Градоначалникот на Шутка учи средно во Велес

Елвис Бајрам полага за машино бравар во Коле Неделковски

Петар Печков

Градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, учи  средно во Велес. Тој е запишан во неготинскиот работнички универзитет,  кој ги користи услугите на велешкиот средношколски центар Коле Неделковски. 

Поради ова Бајрам помладиот е на половина пат да го заврши средното образование откако положил повеќе предмети од прва и втора година. Местото каде се образува таткото на скопската општина Шутка е стручното училиште „Коле Неделковски“ во Велес.

Курсот кој го посетува Елвис Бајрам е тригодишен, стручно образование за машино - бравар.  Во ова училиште средното образование го дооформи и велешкиот советник Бејхан Мемедов.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »