речник контакт

Градоначалникот реагира поради пребукираноста на термини за земање брис но и за ригидност на протоколот околу оздравените пациенти

Некои лица иако се два пати последователно негативни на ковид-19, бидејќи не изминал перидот кој го пропишува протоколот, тие се водат како позитивни и мора да бидат во изолација

Петар Печков

Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција   ја кажа  загриженоста која владее меѓу велешани поради „пребукираноста на термини“ за земање на брис, но и за ригидноста на законската регулатива околу здравствениот статус на лицата кои се излекувани од коронавирусот.


Долг е периодот, кога одредени лица кои се сомнителни, мора да чекаат да бидат тестирани. Има лица кои имаат два последователни негативни теста за присуство на ковид-19, но се водат како позитивни, поради тоа што требало да мине одреден пропишан временски период за официјално да бидат заведени како негативни. Тоа е поради   бавното бирократско реагирање на статусот во „мој термин“.  Повеќе денови остануваат како позитивни, иако во пракса се негативни, што негативно се одразува на стопанскиот живот во градот - рече Коцевски.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »